03 август 2023

Превентивна активност на СВР Штип

 

Отсекот за превенција при СВР Штип во соодејство со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ вчера (02.08.) на неколку локации на подрачјето на Штип спроведоа превентивни активности во рамките на кампањата насочена кон превенција од имотни деликти. Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, особено оние од повозрасните категории и пензионерите како најчести жртви на кражби и измами, полициски службеници укажуваа и појаснуваа за формите на имотни деликти, за законскиот третман на овие видови на имотен криминал, а пособен дел беше посветен околу начините и постапките коишто треба да ги превземаат граѓаните со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела. Целта на активноста, а во рамки на поширокиот концепт на полицијата како сервис на граѓаните, беше преку продлабочување на комуникацијата да се интензивира довербата и соработката на полицијата и граѓаните.