03 август 2023

„Вози одморен“, превентивна активност на СВР Велес

 Во текот на вчерашниот ден (02.08.) Отсекот за превенција при СВР Велес на автопатот „Пријателство“, односно на наплатните станици „Демир Капија“ и „Виничани“, спроведе сообраќајно едукативна активност под мотото – „Вози одморен“. Притоа, на возачите им беа делени едукативни летоци, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со информативни содржини околу важноста од внимателно возење, за потребата од краткотрајни одмори пред се заради високите температури и совесно однесување во сообраќајот. Воедно на возачите и патниците им беа делени и шишиња со вода за освежување. Во разговорите со граѓаните полициските службеници укажуваа дека заморот е една од честите причини, особено во летниот период, за предизвикување на сообраќајни несреќи. Овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија, каде во овој период особено се зголемува бројот на возила како домашни така и странски, а кои што транзитираат по овој коридор.