01 август 2023

Превентивна активност на ОВР Свети Николе за превенција од пожари

 Денеска (01.08.2023) полициски службеници при Одделението за внатрешни работи Свети Николе во соработка со претставници од Регионалниот центар за управување со кризи Свети Николе и претставници од Шумско стопанство -Свети Николе во селата Немањинци, Ранчанци, Стањевци, Горно и Долно Ѓуѓанци ,како и во излетничкото место „Ѓуриште“, реализираа превентивно едукативна активност во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2023“. Под мотото – „Лето без пожари“ полициските службеници во непосреден контакт со жителите на наведените места укажуваа на најчестите причини и ризици за предизвикување на пожари, но и за начините за нивно превенирање преку соработка со полицијата, но и со другите надлежни институции. Во насока на елиминирање на потенцијалните опасности од пожари и поквалитетна едукација, на граѓаните им беа делени печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.