Полициски службеници од ОВР Крушево во насока на натамошно интензивирање на соработката на полицијата и локалната заедница, особено во поглед на имотните деликти, пред сѐ појавата на измами во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице, денеска (31.07.) реализираа превентивни активности за едукација на граѓаните за благовремено превенирање од овие видови кривични деликти. Преку непосредни контакти со граѓаните, полициски службеници апелираа до нив да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните податоци (личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации) со цел да не се дозволи да бидат жртва на ваквиот вид измами и навремено пријавување на истите во полиција. Исто така ,во рамките на превентивната активност со граѓаните,сопствениците на продавници, колонијали, аптеки, трафики, со пазарџиите, при посета на паркови беше разговарано со граѓаните околу низа аспекти на превенција на дрски кражби, разбојништва и кражби. Вчера, пак полициски службеници од ОВР Македонски Брод на подрачјето на населените места, односно селата Латово, Русјаци и .Ореовец реализираа превентивна активност во рамки на превентивните проекти „Лето без пожари“ и „Слави со срце, не со оружје“, во насока на поголема внимателност и одговорност на граѓаните.