29 јули 2023

Превентивни активности на СВР Битола во Демир Хисар, Ресен и Битола

Денеска (29.07.2023) и вчера (28.07) полициски службеници од ОВР Демир Хисар, ОВР Ресен како и криминалистичката полиција при СВР Битола реализираа превентивни активности на подрачјата на своите надлежности каде во содејство на претставници на ЈП „Национални шуми“ на средбите со граѓаните тема беше заштита на шумите и шумските појаси од пожари во летниот период. Притоа полициските службеници укажуваа на најчестите причини и ризици за предизвикување на пожари, но и за начините за нивно превенирање преку соработка со полицијата и други надлежни институции. Во насока на елиминирање на потенцијалните ризици од пожари, на граѓаните им беа делени печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.
Исто така вчера (28.07) Полициското одделение за безбедност на сообраќајот реализираа превентивна активност во насока на побезбеден сообраќај на тема „Вози одморен“.