28 јули 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Вчера (27.07.), полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Демир Хисар, Ресен, Македонски Брод, Крушево, Прилеп, како и од Полициските одделенија Новаци, Велушина и Полициската канцеларија Кажани при Секторот за внатрешни работи Битола реализираа низа превентивни активности на подрачјата на своите надлежности каде што во содејство со претставници на ЈП „Национални шуми“ на средбите со граѓаните тема беше заштитата на шумите и шумските појаси од пожари во летниот период.

Притоа полициските службеници укажуваа на најчестите причини и ризици за предизвикување пожари, но и за начините за нивно превенирање преку благовремена соработка со полицијата, и другите надлежни институции. Во насока на елиминирање на потенцијалните ризици од пожари на граѓаните им беа делени и печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Инаку, во текот на вчерашниот ден ОВР Крушево спроведе превентивни активности насочени кон безбедноста во сообраќајот на нивното подрачје, а под мотото „Стави појас“ и „Визи одморен“, а пак Полициската станица од општа надлежност Битола при СВР Битола во Старата битолска чаршија и низ централното градско подрачје и улицата „Широк сокак“ спроведоа превентивни активности на темите – „Бизнисот и безбедноста“, потоа за „Полицијата и граѓаните заедно“, и активности од кампањата „Слави со срце, не со оружје“,