Денеска (28.07.) на повеќе локации на подрачје на Полициската станица Кочани при СВР Штип, а во содејство со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кочани и претставници на секторот за сообраќај при општината Кочани, беше спроведена превентивна активност на неколку теми од областа на сообраќајот: „Вози одморен“, „Пешаците како учесници во сообракајот“, „Користи кацига додека управуваш мопед“ и „Паркирај совесно“.
Целта на активностите беше фокусирана на подигање на нивото на совесно и одговорно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на различните категории учесници во сообраќајот, а преку тоа директно да се зголеми сообраќајната безбедност. Инаку, за време на активностите беа делени шишиња со вода и едукативни летоци изработени од општина Кочани и СОУ „Гошо Викентиев“, а финансиски подржани од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.