Секторот за внатрешни работи Тетово продолжувајќи со постапување согласно проект планот на МВР ,,Безбедно лето-2023“, денеска (27.07.) во просториите на Здружението на пензионери – Тетово полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, имаа средба со претставници на здружението, на којашто беше разговарано за полициските активности во насока на градење и зацврстување на довербата кај граѓаните, односно за улогата на полицијата како сервис на граѓаните во служба на заедницата и создавање на поголема сигурност, заштита и безбедна средина.
Во рамки на средбата особено се посвети внимание на заштитата од имотни деликти каде што пензионерите се честа мета, со практични информации како да се препознаат овие деликти особено видовите измами и начините за самозаштита и соработка со полицијата со цел нивно благовремено превенирање. Исто така се говореше и за џебните кражби, потоа за внимателност при подигнување на пензијата односно да внимаваат како и каде го чуваат нивниот паричник, да се избегнува присуство на места каде има поголеми гужви, се со цел да не бидат потенцијални жртви на разбојништво и кражби како и за постапката околу пријавување на настани и дела за брза и навремена реакција од страна на полицијата. Полициските службеници поделија и летоци со едукативна содржина од разни области, вклучително и заштитата на шумите и бесправната сеча на шуми.