Денеска (27.07.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, на подрачјето на општина Велес реализирана е превентивна сообраќајна активност каде што целна група беа возачите на мопеди и мотоцикли.
Под мотото „Вози внимателно, носи кацига“ сообраќајно превентивната активност беше реализирана на повеќе локации во Велес, во насока на зајакнување на сообраќајната дисциплина и подигнување на свеста на возачите на мопеди и мотоцикли за задолжително носење на заштитен шлем за време на управување со овие превозни средства.
Исто така на возачите им беа делени и едукативни печатени материјали изработени во соработка со Локалниот совет за превенција при општина Велес, со информативни содржини околу сообраќајните правила и прописи, пред се во врска со безбедносната одредба за користењето на заштитниот шлем, како и околу последиците и санкциите од непочитувањето на таа норма.