Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес денеска (26.07.2023) на неколку локации на подрачјето на Кавадарци, спроведе превентивна активност во рамките на кампањата насловена како „Безбедна заедница-мирна заедница“, при што во фокусот беше превенцијата од кражби и од измами.
Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, особено оние од повозрасните категории и пензионерите како најчести жртви на кражби и измами, полициски службеници укажуваа и појаснуваа за формите на имотни деликти, за законскиот третман на овие видови на имотен криминал, а пособен дел беше посветен околу начините и постапките кои треба да ги превземаат граѓаните со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела.
Целта на активноста, а во рамки на поширокиот концепт на полицијата како сервис на граѓаните, беше преку продлабочување на комуникацијата да се интензивира довербата и соработката на полоцијата со зедницата.