26 јули 2023

ОВР Кичево ги презентираше мерките во рамки на „Безбедно лето 2023“ пред Локалниот совет за превенција при општина Кичево

Во текот на вчерашниот ден (25.07.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кичево, пред Локалниот совет за превенција при општина Кичево ги презентираа превентивни мерки што ОВР Кичево ги презема во рамките на кампањата „Безбедно лето 2023“ во градот, но и во приградските населби, а посветени на граѓаните и нивната безбедност.

Целта на мерките и кампањите е низ непосредни контакти со граѓаните, да им се укаже на потребата од зачувување на стабилноста во јавниот ред и мир, за сообраќајната безбедност, за заштита на имотите и вредните предмети од кражби, за заштита од бесправна сеча на шуми, за заштита на шумите и зелените површини од пожари, за различните видови измами, како што се измамите во врска со подигнување на брзи кредити.

Исто така, на средбата со претставниците на локалната самоуправа и членовите на Локалниот совет за превенција се говореше и за важноста на проектот „Соседска патрола“ и другите мерки во насока на за заштита на младите. Притоа, беше нагласено дека во реализацијата на кампањата „Безбедно лето“, значајна е поддршката и вклученоста на службите од локалната самоуправа и другите надлежни институции.