Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија во соработка со Јавно претпријатие „Национални шуми“ вчера (24.07.2023) на повеќе локации кои водат кон шумските предели, односно излетничко рекреативни места на подрачје на Гевгелија, поточно на месноста викана „Моински пат“ и во селата Негорци, Миравци и Петрово спроведоа превентивните активност во рамките на проектот „Безбедно лето“, а посветено на темите за заштита од шумски пожари и заштита од бесправна сеча на шуми.
Преку делење на летоци со едукативна содржина, како и во непосредна комуникација со граѓаните полициските службеници укажуваа за законските санкции за бесправно сечење на шумите, како и за потенцијалните штети кои тоа може да предизвика за животната средина и шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беа поделени и летоци изготвени од Општинскиот противпожарен сојуз Гевгелија со укажување за потребата од внимателност и начините за заштита на шумите и зелените површини од пожари.