Отсекот за превенција на СВР Тетово минатиов викенд оствари серија средби со сопственици или одговорни во повеќе угостителски објекти во Тетово и во тетовска Брвеница, во рамките на кои главна тема било одржувањето на јавниот ред и мир, и стриктното почитување на нормите особено во поглед на незаконската употреба на огнено оружје при разни прослави и веселби. Покрај тоа, на средбите, исто така, угостителите биле запознаени и со законските импликации за неовластено приредување на огномети или користење разновидна пиротехника на вакви свечености.
Средбите ќе продолжат и во другите објекти (салони за свадби, ресторани и слично), при што се планира да бидат опфатени над педесетина објекти во Тетово, Гостивар и во повеќе села, каде најчесто се организираат свадбените свечености кои секојдневно се организираат во текот на летниве месеци. Целта е угостителите непосредно да се информираат за нивните обврски како организатори на свеченостите и за последиците по јавниот ред и мир од незаконско пукање или приредување на огномети, како и присуство после законското определено време и точење на алкохолни пијалоци на малолетни лица.