Во текот на вчерашниот ден (23.07.2023) полициски службеници од ОВР Делчево, од Полициската станица од општа надлежност Делчево и од Регионалниот центар за гранични работи Исток во соработка со Шумската полиција реализира превентивни активности во рамките на оперативниот план „Безбедно лето“. Активностите кои што се спроведоа под мотото „Лето без пожари – превенција од заштита од пожари на отворен простор“ и „Незаконско сечење на дрва“ беа реализирани на повеќе локации што го покрива подрачјето на градот Делчево како и населените места, односно селата Разловци, Тработивиште и Стар Истевник. .
Притоа, во разговор со граѓаните тие беа информирани за пришините и последиците од шумските пожари и дрвокрадството на шумскиот фонд, со апел до нив за поголема будност и одговорност особено сега во летниот период. Исто така, граѓаните беа запознаени за неопходноста од заштитата на шумите како заедничко добро и одговорност на сите, особено што во сила е делумната забрана на движење во шумите и шумското земјиште во терминот од 06.00 до 20.00 часот. Појаснети беа и законската регулативи и санкции во поглед на предизвикувањето на пожари и незаконската сеча на дрва . Дополнително на граѓаните им беа елени и едукативно превентивни летоци со информативни содржини од областа на заштита на шумите.
Покрај ова, исто така, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето“, денеска (24.07.2023) и полициски службеници при ОВР Свети Николе на повеќе патни правци во и околу Свети Николе реализираа превентивни активности на темата околу заштитата и превенцијата од шумски пожари. При спроведување на активностите во разговор со граѓаните-возачите од страна на полициските службеници им беше укажувано на потребата од максимална внимателност и грижа за шумскиот фонд, особено во летниот период, потоа за тоа каде и како да ги пријавуваат пожарите, односно за начините на превенција и заштита на шумите. Целта на превентивната активност беше да се подигне јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување при излети и други рекреативни активности во шумите, со посебно внимание околу ризиците од настанување на шумски пожари. Воедно од страна на полициските службеници беа делени летоци со информативна содржина изработени во соработка со ЈП Национални шуми.