22 јули 2023

"Вози одморен" - превентивна активност со патниците на Граничниот премин Богородица

Денеска (22.07.2023) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица за Граничен надзор и Гранични проверки Богородица, во рамки на оперативниот план "Безбедно лето 2023", спроведоа превентивна активност за одговорно учество во сообраќајот под мотото "Вози одморен".

Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила кои пристигнаа на граничниот премин "Богородица", им беше укажано за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од замор, како и за потребата од пауза и консумирање на повеќе течности, како и почитување на сообраќајните правила и прописи. Од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени шишиња со вода за освежување.