22 јули 2023

Превентивна активност на Полициската станица Радовиш

Во текот на вчерашниот ден (21.07.) полициски службеници од Полициската станица Радовиш на повеќе локации на подрачјето на Радовиш ја реализираа превентивната активност - „МВР за граѓаните“ насочена кон градење поквалитетна соработка и комуникација меѓу полицијата и заедницата.

На неколку локации во Радовиш полициските службеници преку делење на едукативни летоци и во непосреден разговор ги информираа граѓаните со задачите и обврската на полицијата во интерес на обезбедување сигурност и безбедност на граѓаните, на нивните материјални добра. Притоа, беше потенцирана неопходноста и потребата граѓаните поинтензивно да соработуваат со полицијата, која е нивен сервис, со што заеднички би се дал дополнителен придонес за зголемување на безбедноста во заедницата во којашто живеат.