21 јули 2023

Превентивна активност на полициска станица за гранични проверки и граничен надзор „Св. Наум Охрид“

Вчера (20.07.2023), во рамки на оперативен план „Безбедно лето 2023“, односно заштита од топлотниот бран, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Св. Наум Охрид„ при Регионалниот центар за гранични работи Запад, на граничниот премин при влез и излез од Република Северна Македонија реализираа превентивни активности во насока на укажување на возачите и патниците за поголема внимателност при патување поради екстремно високите температури.

Во непосредна комуникација полициските службеници ги потсетуваат патниците дека топлото време и високите температури може да предизвикаат сериозни последици врз здравјето и да влијаат врз безбедноста на сообраќајот. Од страна на полициските службеници беше поделена флаширана вода за пиење на пешаците, возачите и нивните сопатници.Предвидено е вакви превентивни активности да продолжат во наредниот период на сите гранични премини.