Вчера (18.07) полициски службеници од СВР Куманово спроведоа превентивна активност од областа на заштита на шумите и шумскиот фонд од пожарите во летниот период, а во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“.
Во непосреден разговор со жителите од кумановските села Орашац, Габреш, Скачковце, Градиште и Новосељане полициските службеници укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, особено во летниот период, но и за тоа како и каде да ги пријавуваат пожарите, односно за начините за превенција и заштита на шумите.
Целта на превентивната активност беше подигнување на јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување при излети и други рекреативни активности во шумите, со посебно внимание околу ризиците од настанување на шумски пожари. Воедно, во текот на средбите, на граѓаните им беа поделени летоци со информативни содржини изработени во соработка со ЈП Национални шуми, а во соработка и со Шумската полиција.