Полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Берово денеска во традиционалните излетничко –рекреативни локалитети на подрачјето на Берово: ,,Епрев Дол“, „Линакот“ и „Беровско езеро“, реализираа превентивна кампања за заштита на шумите и отворените простори од пожари.
Во рамки на спроведувањето на активноста на граѓаните- посетители покрај укажувањата за совесно и одговорно однесување на локациите во поглед на можноста од предизвикување на шумски пожар, им беа поделени и едукативни материјали, изработени во соработка со Јавното претријатие Национални Шуми, а во насока на почитување на забраната за палење на оган на отворен простор, како и времената забрана за движење во шумите без соодветна дозвола или одобрение.