Полициски службеници од Регионален центар за Гранични работи - Исток, Полициско одделение за граничен надзор Каменица, во текот на вчерашниот ден во рамки на кампањата „Безбедно лето 2023“, а во содејство со претставници од Јавното претпријатие Национални шуми -ПШС „Голак“ -Делчево и Шумската полиција на подрачјето на општина Македонска Каменица, во селата Моштица и Саса, реализираа превентивна активност под мотото - „Лето без пожари“ и „Да ги чуваме нашите шуми-незаконско сечење на дрва е криминал“
Полициските службеници и претставници на наведените институции остварија средби со граѓани и преку непосредни разговори ги запознаа за најчестите можни причини за настанување на шумските пожари, за неопходноста од заштита на шумите како заедничка одговорност на сите, како и околу законските последици и санкции од предизвикување на шумските пожари и незаконска сеча на дрва .
Во рамки на активноста беа поделени и едукативно-информативни летоци, изработени во соработка со ЈП Национални шуми со телефонските броеви 112 и 192, на коишто граѓаните ќе можат да се јават и навремено да ги информирааат надлежните институции, со цел спречување кражба на дрва и заштита на шумите од пожари.