15 јули 2023

Превентивна активност на ПС за ГП и ГН Богородица и Стар Дорјан под мотото "Вози одморен"

Денеска (15.07.2023) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица за Граничен надзор и Гранични проверки Богородица и Полициска станица за Граничен надзор и Гранични проверки Стар Дорјан претставници од Фронтекс во рамки на оперативниот план "Безбедно лето 2023", спроведоа превентивна активност за одговорно учество во сообраќајот под мотото "Вози одморен".

Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила кои пристигнаа на граничниот премин "Богородица и граничниот премини Стар Дорјан”им беше укажано за влијанието на заморот , за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од замор, како и за потребата од пауза на повеќе течности, како и почитување на сообраќајните правила и прописи. Од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени шишиња со вода за освежување.