Вчера (12.07.2023) во рамки на оперативниот план на МВР „Безбедно лето 2023“, на Зелен пазар во Куманово се реализираа превентивни активности под мотото „Да ги чуваме нашите шуми“, „Лето без пожари“ и „Заштита од кражби“.
Притоа, во непосредна комуникација, на граѓаните им беше укажано за мерките за заштита и самозаштита од разбојништва, кражби, џебни и дрски кражби. Целта на активноста, покрај едукативно – информативниот карактер, е заштита и спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти. Воедно, на граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали.
Граѓаните, исто така, беа запознаени од полициските службеници како да постапат и каде да ги пријавуваат криминалните активности кои ќе ги забележат во шумите или за настанувањето на шумски пожари. Граѓаните беа информирани и за законските санкции за предизвикување шумски пожари, како и за потенцијалните штети на шумскиот фонд и животната средина.