12 јули 2023

СВР Битола во рамки на „Безбедно лето 2023“: превентивни активности во Битола, Ресен и Македонски Брод


Денеска (12.07.2023) Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со Полициската станица Битола беа во посета на Здружението на пензионери на град Битола. На состанокот со пензионерите, во непосредна комуникација со нив им беше укажано на мерките за заштита и самозаштита од разбојништва, кражби, џебни и дрски кражби, измами при купување на огревно дрва, лажни сообраќајни незгоди кои измамниците ги прават преку телефонска комуникација и други важни совети кои ќе им користат на повозрасната категорија граѓани за истите да се самозаштитат. Покрај едукативно – информативниот карактер, целта на активноста е заштита и спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти, злоупотреби, измами со банкарски сметки, подигнување на пари од банкомати и сл.

Исто така, денеска полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, во Старата битолска чаршија спроведе превентивна активност насочена кон безбедноста во сообраќајот со посебен акцент на велосипедистите кои управуваат велосипеди на места наменети за пешаци. Во текот на активноста на граѓаните им беше поделен едукативен материјал.

Во Ресен, вчера (11.07.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Ресен спроведоа превентивна активност во насока на забраната на употреба на огнено оружје на семејни веселби. Целта на превентивната активност е подигнување на свеста кај граѓаните околу можните последици од употребата на оружје за време на семејните веселби како и законските одредби што го санкционираат таквото однесување и казните кои се изрекуваат.

Во рамките на активности по проектите „Бизнисот и безбедноста“, „МВР за граѓаните“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“, на подрачјето на Македонски Брод и населените места на подрачјето на с.Преглово и с.Пласница, општина Пласница полициските службеници во непосредна комуникација со бизнис заедницата и граѓаните им им беше укажано на мерките за заштита од кражби, разбојништва, дрски кражби.