12 јули 2023

„Безбедно лето 2023 година“ -Превентивни активности на СВР Тетово со друштва и здруженија од културата во Тетово

На иницијатива и во организација на Отсекот за превенција на СВР Тетово денеска (12 јули) и завчера (10 јули) се одржаа средби со претставници на вкупно пет културно - уметнички друштва и здруженија од културата и уметноста од Тетово и тетовска Брвеница. На средбите полициските службеници од овој Отсек поблиску ги запознале со законските одредби кои се однесуваат на организирање концерти и други културни јавни собири, како и на потребата истите навреме да ги пријавуваат. Покрај ова, им било укажано, исто така, целосно да се придржуваат и кон прописите кои ја регулираат јачината на музиката, посебно доколку нивните активности се планирани во доцните вечерни часови и на отворен простор. Претставниците на овие културни асоцијации искажале нивна максимална подготвеност за почитување на законските обврски поврзани со културните манифестации.

Идната недела планирани се средби со културно-уметничките друштва и здруженија од Гостивар и Гостиварско.