Денеска (11.07.2023) Одделението за превенција при СВР Скопје со почеток во 9.30 часот на подрачјето на Полициска станица Аеродром, поточно во с.Горно Лисиче, како и на подрачјето на Полициска станица Центар, поточно на Средно Водно, организираше и спроведе превентивна активност под мотото „Лето без пожари“.
Со цел заштита од шумските пожари во летниот период, на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, а воедно и во непосреден разговор граѓаните беа информирани за законските санкции за предизвикување на шумски пожари, како и за потенцијалните штети на шумскиот фонд и животната средина.