Денеска (11.07.2023) во периодот од 11.30 до 13.00 часот, од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Велес спроведена превентивна активност со децата од училиштето за странски јазик „Helen Doron“ од Велес.
Притоа, на интерактивен начин, на децата им беа објаснети сите должности и активности на полициските службеници. Исто така, им беа презентирани и дел од материјално – техничките средства за работа на полициските службеници, како и специјалните возила кои ги користи полицијата. Во интерес на безбедноста на децата – пешаци како учесници во сообраќајот, тие беа запознаени со сообраќајните правила и прописи и неопходноста од нивно почитување.