Вчера (10.07.2023) полициски службеници од Полициското одделение за сообраќај Ресен, на патните правци околу Ресен спроведоа превентивна активност во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, под мотото „Вози одморен“.
Во рамки на активноста на возачите им беа поделени печатени едукативни материјали и во непосредна комуникација им беше укажано дека одморот и правилното управување на возилата се клучен фактор за безбедно патување.
Целта на превентивната активност е подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, преку подигнување на свесноста кај возачите и намалување на незгодите кои се последица на заморот.