10 јули 2023

Превентивна активност на ОВР Свети Николе во рамки на „Безбедно лето 2023“, под мотото „Вози одморен


Денеска (10.07.2023) полициски службеници при ОВР Свети Николе на наплатната рампа „Преод“ на автопатот Штип -Миладиновци спроведоа сообраќајно-воспитна активност во рамки на „Безбедно лето 2023“, под мотото „Вози одморен“.

Во рамки на активноста на возачите им беше поделен материјал со едукативна содржина и вода за освежување и преку директен разговор со нив им беше укажано дека заморот е една од главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во овој период, а дека одморот и правилното управување со моторното возило се клучен фактор за безбедно пристигање на посакуваната дестинација.

Целта на денешната превентивна активност е подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, преку едукација и подигање на свесноста кај возачите, со цел намалување на незгодите кои се последица на заморот.