На 07.07.2023 на подрачјето на Струмица, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица спроведоа превентивни активности насочени на возачи кои управуваат моторни возила.
На возачите им биле поделени летоци со едукативни содржини од кампањите „Летувај, не летај!“, „Стави појас, вози одговорно“, „Стоп за управување на возило под дејство на алкохол“ и „Вози одморено - вози одговорно“. Во рамки на активностите, исто така, преку непосреден разговор со учесниците во сообраќајот укажано им е за обврската за почитување на сообраќајните правила и прописи, сѐ со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, која е од заеднички интерес за сите.