Денеска (07.07.2023) во 09.30 часот Одделението за превенција на подрачјето на Полициска станица Кисела Вода, поточно на подрачје на Општина Сопиште, спроведе превентивна активност во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ и проектот „Лето без пожари“, при што на граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали и беа информирани за законските санкции за предизвикување шумски пожари, како и за потенцијалните штети од нив.
Исто така, денеска во 10.30 часот Одделението за превенција во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачје на Полициската станица Бит Пазар, поточно на пешачкиот премин на бул. „Крсте Мисирков“, беше спроведена превентивно - едукативна активност од областа на сообраќајот насочена кон пешаците како учесниците во сообраќајот, под мотото „Безбедност на пешаците“. На граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали во насока на подигнување на безбедносната свест и култура кај граѓаните, со посебен акцент на пешаците и велосипедистите.