Денеска, (07.07.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција и полициски службеници од СВР Штип спроведоа превентивна активност во рамки на проектите ,,МВР за граѓаните“ и ,,Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“.
Притоа, во непосредна комуникација на граѓаните и сопствениците на деловни објекти им беше укажано на мерките за заштита и самозаштита од разбојништва, кражби, џебни и дрски кражби.
Целта на активноста, покрај едукативно – информативниот карактер, има за цел заштита и спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти. Воедно, на граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали.