Денеска, (06.07.) полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Битола спроведоа превентивна активност од областа на имотните деликти, измамите и злоупотреби на граѓаните во делот на вработувањата во странство. Во централното градско подрачје и низ старата битолска чаршија преку непосредна комуникација со сопствениците на туристички агенции, здруженија на граѓани, групи граѓани од различна старосна возраст им беше укажано да внимаваат при посредување за вработување надвор од Државата. Исто така на повозрасните граѓани им беше посочено да внимаваат при подигнување на пензии од банкоматите и заштита на личните податоци.
Исто така, криминалистичката полиција при СВР Битола во континуитет продолжува со спроведување на превентивни активности за заштита на граѓаните од имотни деликти. Во рамки на кампањата „Безбедно лето“, СВР Битола на подрачје на ОВР Ресен односно во селата Царев Двор, Горна Бела Црква, Козјак, Асамати и Претор спроведоа превентивни активности за заштита од шумски пожари во летниот период. На граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали, а воедно во разговор со нив истите беа информирани за законските санкции за предизвикување шумски пожари, како и за потенцијални штети.
Под мотото ,,Стави појас'', на неколку патни правци околу Општина Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево преку непосредна комуникација им укажуваа на граѓаните на обврската за носење на сигурносен појас при возење како за возачите така и за сопатниците. Во исто време на граѓаните им бил поделен печатен едукативен материјал.