На 04.07.2023 година полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот. Притоа, под мотото ,,Стави појас'', на неколку патни правци околу Општина Кавадарци, полициски службеници преку непосредна комуникација им укажуваа на граѓаните на обврската за носење на сигурносен појас при возење како за возачите така и за сопатниците. Во исто време на граѓаните им бил поделен печатен едукативен материјал.
Исто така, вчера (05.07.), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со Подружница шумско стопанство „Бор“ – Кавадарци, спроведоа превентивна активност во рамки на оперативниот план ,,Безбедно лето 2023“ и за таа цел на повеќе локации на подрачјето на ОВР Кавадарци, на жителите им беше укажано дека е неопходно внимание во летниот период поради опасност од шумски пожари. Особено внимание беше посветено на можните причини за настанување на шумски пожари, како и за начините за превенирање и навремено известување на надлежните институции при забележување на шумски пожар. Во рамки на активноста на граѓаните им беа поделени едукативни печатени материјали со информативни содржини од оваа област.
Во текот на вчерашниот ден, во СВР Велес, од страна на Отсекот за превенција и Одделението за полиција при СВР Велес, со претставници на угостителски објекти на подрачје на Велес, одржан е работен состанок во насока на превентивно делување и меѓусебна соработка, а во интерес на осигурување на поквалитетна летна сезона и безбедно лето.