06 јули 2023

„Пламените јазици се незапирливи“ – превентивна активност на подрачјата на Струмица, Гевгелија и Валандово

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица и Одделенијата за внатрешни работи во Гевгелија и Валандово, на подрачјата на Струмица, Гевгелија и Валандово спроведоа превентивна активност за заштита од шумски пожари во летниот период.

Превентивната активноста под мотото „Пламените јазици се незапирливи“ која МВР започна да ја реализира во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ беше спроведена со делење на летоци со едукативна содржина, а воедно во непосреден разговор со граѓаните истите беа информирани за законските санкции за предизвикување на шумски пожари, како и за потенцијалните штети на шумскиот фонд и животната средина.