04 јули 2023

СВР Скопје реализираше превентивно-едукативна активност од областа на сообраќајот насочена кон пешаците

Денеска (04.07.2023) Одделението за превенција при Секторот за внатршни работи Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Бит Центар, поточно на булеварот „Свети Климент Охридски“ и на улицата „Свети Кирил и Методија“, на пешачките премини во непосредна близина на ТЦ Рамстор, беше спроведена превентивно-едукативна активност од областа на сообраќајот насочена кон пешаците како учесници во сообраќајот, а под мотото „Безбедност на пешаците“.

Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните – пешаци, полициските службеници укажуваа на важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи при движење преку сообраќајниците и по тротоарите, а воедно на пешаците им беа поделени и едукативни печатени материјали во насока на подигнување на безбедносната свест и култура кај граѓаните, со посебен акцент на пешаците и велосипедистите.