04 јули 2023

Превентивни активности на подрачјето на СВР Битола за имотни деликти, безбедност во сообраќајот и сигурна заедница

Денеска (04.07.2023) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола во Старата битолска чаршија и низ Градскиот пазар во Битола спроведоа превентивна активност во рамките на превентивните проекти „Внимателна заедница - безбедна заедница“ и „Бизнисот и безбедноста“. Притоа, низ разговор со стопанственицие беа претставени превентивни мерки за заштита и самозаштита од разбојништва и кражби, потоа околу начините на препознавање и потребата од навремено пријавување на истите.

Главните цели при реализацијата на наведените активности беа подигање на свесноста кај граѓаните за создавање на побезбедна и сигурна заедница, односно заштита на животот и имотот.

Исто така и вчера, криминалистичката полиција при СВР Битола на повеќе локации низ Битола спроведе превентивни активности преку посета на жртви на кривични дела беа споделени низа совети за заштита на личниот имот. Во рамките на активностите беше поделен и печатен материјал со едукативна содржина.

И ОВР Ресен при СВР Битола, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера во централното градско подрачје на Ресен и на патните правци кон туристичките места реализираа превентивна активност во делот на сообраќајот под мотото „Носи кацига, вози внимателно“.

Основна цел на активноста беше подигање на свесноста за внимателно и одговорно учество на мотоциклистите во сообраќајот, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Возачите на мотоцикли, на кои им беа делени и печатени едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП, беа запознати со законската регулатива од оваа област на сообраќајот, неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено задолжителното носење заштитен шлем, а во насока на општо зголемување на сообраќајната култура и безбедност.