Денеска (02.07.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Македонски Брод при СВР Битола одржаа работен состанок со угостителите и другите хотелско-туристички работници на подрачјето на Македонски Брод, со цел јакнење на комуникацијата и соработката, како и целосно почитување на законските одредби поврзани со забрана за присуство на малолетници после 24 часот и точење на алкохол на овие лица, придржување на пропишаните норми за дозволена гласност и елиминирање на зголемена бучавост и гласна музика, целосно придржување до работното време и до другите одредби од Законот за угостителската дејност.
Полициските службеници, посебно ја нагласија потребата од навремено информирање кога има настан поврзан со нарушување на јавниот ред и мир со цел нивно навремено спречување. Во рамките на кампањата „Безбедно лето“, СВР Битола ќе реализира и други превентивни мерки и активности за поголема заштита на граѓаните од кражби и други кривични дела.