30 јуни 2023

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на СВР Битола

Полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Прилеп и Крушево при СВР Битола денеска (30.06.2023) на подрачјата на овие два града реализираа превентивно-едукативни активности од областа на сообраќајот под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

На повеќе локации во Прилеп и Крушево, полициските службеници преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, пред се возачите, укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето, како и за сериозните последици кои ги предизвикува таквото однесување, а во поглед на безбедноста во сообраќајот.

Исто така, од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП, а сѐ со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста и совесноста на учесниците во сообраќајот за стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на општата сообраќајна безбедност.