30 јуни 2023

„Стави појас“, превентивна активност на ПС Пробиштип

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при Полициската станица Пробиштип денеска (30.06.) на улиците „Миро Барага“ и „Јаким Стојковски“ во Пробиштип спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот.

Притоа под мотото „Стави појас“, полициските службеници преку непосредна комуникација им укажуваа на граѓаните за задолжителната обврска за носење сигурносни појаси при возење како за возачите, така и за сопатниците како исклучително важна нормативна и безбедносна мерка. Исто така, беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со информативни содржини во насока на запознавање и подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот, првенствено во интерес на личната безбедност, како и безбедноста на сообраќајот во целина.