Денеска (29.06.2023) на улиците „Никола Карев“ и „Теодосија Паунов“ во Кочани, од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при Полициската станица Кочани, беше спроведена превентивна активност од областа на сообраќајот.
Притоа под мотото „Стави појас“, полициските службеници преку непосредна комуникација со возачите им укажуваа на граѓаните за задолжителната обврска за носење сигурносни појаси при возење и за возачите, но и за сопатниците како исклучително важна нормативна и безбедносна мерка.
Исто така, беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со информативни содржини во насока на запознавање и подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот, примарно во интерес на личната безбедност, како и безбедноста на сообраќајот во целина.