29 јуни 2023

„Лето без пожари“ - со жителите на подрачјето на Македонски Брод

Вчера (28.06.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Македонски Брод при СВР Битола, а во содејство со претставници на Шумската полиција спроведоа превентивна активност на тема „Лето без пожари“ и за таа цел беа посетени повеќе места на подрачјето на Македонски Брод. Во разговорите со жителите на селата Локвица, Девич, Слатина и Грешница, како и на локалитетот Пешна, на жителите им беше укажано дека е неопходно внимание и будност во летниот период поради опасностите од шумски пожари.

Притоа особено беше посветено внимание на можните причини за настанување на шумските пожари, како што се палење стрништа, сечење дрва, прошетки во шумски појаси и друго, како и за начините за превенирање и благовремено известување на надлежните институции при забележување на шумски пожар. Во рамките на вчерашните активности од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен материјал изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“ со информативни содрѓини за превенција од шумски пожари.