23 јуни 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Во рамките на континуираните превентивни активности на СВР Битола вчера (22.06.) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и Полициското одделение Велушина во соработка со претставници од ЈП „Национални шуми“ и од Шумската полиција реализираа превентивни активности од областа на спречувањето на бесправна, незаконска, сеча на шуми.

Притоа, активностите се спроведоа во селата Велушина, Кажани, Лера, Рамна, Доленци , Драгожани, Горно Српци, Секирај, Габалавци, Лопатица, Кукуречани... каде што во разговор со месното население беше укажувано на неопходноста од почитување на одредбите од Законот за шуми, потоа за казнивоста и санкциите во поглед на бесправната сеча на дрва, како и околу штетните материјални последици и последиците по шумскиот фонд. Исто така, на жителите од овие места им беа делени печатени материјали со едукативна содржина со цел подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на шумите од кражби и нелегално сечење.