21 јуни 2023

Превентивни активности на СВР Битола


Денеска (21.06.) полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Крушево и Ресен на подрачјето во и околу излетничките места, парковите, викенд населбите на подрачјето на овие две општини спроведоа превентивна активност под мотото „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“. Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните, пред се оние од повозрасните старосни групи, полициските службеници укажуваа за неопходноста од внимателност каде и како се движат по планински предели, при собирање на плодови, при што беше нагласена потребата од носење мобилен телефон. Исто така, полициските службеници делејќи им на граѓаните печатени едукативни летоци ги запознаваа граѓаните со начините за заштита од кражби (разбојнички или дрски кражби).
Покрај ова, денеска и полициски службеници од СВР Битола имаа работна средба со претставници од „Национални шуми“ и од Шумска полиција во Битола во насока на превенција од незаконска сеча на шуми и заштита од пожари.