Продолжуваат превентивните активности на СВР Битола ,така што на 19.06. од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод на подрачјето на општина Пласница и Македонски Брод беше спроведена превентивна активност на тема превенција од насилство. За време на активноста во непосреден разговор со граѓаните им беа дадени совети и препораки за поголема безбедност на населението при што беше поделен и едукативен материјал.
Исто така, во делот на сообраќајот полициското одделение за безбедност на сообраќајот во ОВР Македонски Брод спроведе превентивни активност на тема "Техничката исправност на возилото -фактор за поголема безбедност во сообраќајот" каде на возачите на моторни возила им беше укажувано за потребата од чести проверки на техничката исправност на возилото, а беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, пак, спроведе превентивна активност под мото „ Не зборувај на мобилен кога возиш“ во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот во централното градско подрачје на Битола.Притоа, полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа дека не смее да се користи мобилен телефон при управување на возило, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законска одредба.Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а сѐ со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за генерално подобрување на безбедноста во сообраќајот.