Денеска (20.06.2023) во просториите на РЦГР Југ се одржа работен состанок на претставници на РЦГР Југ со претставници од шумската полиција, шумски инспектор, претставник на Шумско стопанство „Бор", општина Кавадарци, ТППЕ -Кавадарци, Противпожарна заштита од Еуро Никел и претставници од Дирекција за заштита и спасување, посветен на заштитата од пожари, поплави и други природни непогоди. На состанокот се направи детална анализа за причината од настанатите пожари и поплави за 2020, 2021, 2022 и тековната 2023 година и беа дадени предлози како да се преземат дополнителни мерки за превенција и справување со ваквите појави на територијата на општина Кавадарци и општина Росоман.