Вчера (16.06.2023) полициски службеници од ОВР Крушево во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот во и околу Крушево реализираа превентивна активност под мотото „Не зборувај на мобилен кога возиш“.
Притоа, полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на тоа дека не смее да се користи мобилен телефон при управување со возило, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законска одредба.
Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а сѐ со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за генерално подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Вчера пак,во Прилеп претставници од СВР Битола -ОВР Прилеп присуствуваа на локалниот совет за превенција во општина Прилеп каде се разговараше за безбедносната состојба на подрачјето.