Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од ОВР Неготино во текот на вчерашниот ден (16.06.2023) одржаа едукативна работилница за пензионерите од пензионерски клуб во Неготино, на која беа опфатени повеќе теми од областа на имотните деликти посебно истакнувајќи ги „измамите“ и „џебните кражби“ како најчеста форма на дела кои се насочени кон повозрасните лица.
На граѓаните им беа посочени начините како да се заштитат од вакви кривични дела, а беше потенцирана и потребата од соработка со полицијата за побрзо расчистувања на делата, доколку се случат.