16 јуни 2023

Превентивна активност на ОВР Свети Николе

Денеска (16.06.2023) полициски службеници од ОВР Свети Николе во соработка со Шумската полиција на повеќе локации на подрачје на ОВР Свети Николе, во селата Горобинци, Трстеник, Сопот и Преод, светиниколско реализираа превентивна активност на тема „Шумите се наше најголемо богатство, да ги чуваме нашите шуми“.

Граѓаните беа информирани за законските санкции по однос на бесправното сечење на шуми, штетите и последиците, особено во поглед на појавата на шумски пожари, пред се во летниот период. На граѓаните им беа поделени и едукативни печатени материјали со информативни содржини со кои им се укажува на потребата и важноста од зачувување и негување на шумскиот фонд.