Вчера (14.06.2023) полициските службеници од СВР Штип и Отсекот за превенција при СВР Штип организираа средба со претставници на спортски клубови од Штип како и со преставник на навивачката група „Фаланга“ на тема „За спортот заедно“.
На средбата полициските службеници ги информираа спортските работници околу одредбите од Законот за спречување на насилството и недостојно однесување на спортски натпревари, а особено внимание беше посветено на начините на организирање и спроведување на натпреварите.
Покрај информативниот карактер, средбата имаше цел да се подигне свеста, во насока на спречување и превенирање од насилството и недоличното навивање пред, за време и по спортските натпревари, како и во насока на развивање на спортската култура.