Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за превенција на детско престапништво, во текот на изминатата недела во неколку основни училишта на подрачје на Куманово и с. Умин Дол, кумановско реализираше неколку превентивни активности под мотото „Спорт да, дрога не“, наменети за полуматурантите. Во основните училишта „Крсте Мисирков“, „Браќа Миладиновци“ и „Наим Фрашери“ во Куманово организиран е фудбалски меч помеѓу учениците, како и други активности.
Целта на овие активности е учениците да се насочат кон спортување и да се превенираат несакани однесувања.